понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 178
home Вести

Македонија допрва почнува да БЛЕСКА: Денеска Тетово најзагаден град, власта со полиција ќе го чисти загадениот воздух, во „Кузман“ вчера бира папа

Македонија допрва почнува да БЛЕСКА: Денеска Тетово најзагаден град, власта со полиција ќе го чисти загадениот воздух, во „Кузман“ вчера бира папа

Загаденоста во Македонија зема се поголем замав иако сме речиси на почетокот на грејната сезона.

Откако цела недела Македонија се наоѓаше на врвот на листата на загаденост во светски рамки, овие денови благодарејќи на ветрот и дождот во некои градови загаденоста е смалена, но се уште постои и ги гуши граѓаните.

Денеска Тетово е најзагаден град, а според последните мерења таму загадениот воздух изнесува 80 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, веднаш зад Тетово утринава најзагаден е скопско Ѓорче Петров со 63 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, а потоа Кочани со 57 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички.

Денеска загадени се и скопските населби Карпош и Центар, додека граѓаните утринава повторно разочарани  се разбудија и во многу македонски градови каде смогот и чадот буквално ги гушат граѓаните.

 

Инаку вчера владата најави дека загадениот воздух ќе го чисти со полиција

Во Владата инспекторите за животна средина од целата држава седнаа на маса со тројца министри за да разговараат за алармантното загадување на воздухот.

По состанокот беше речено дека формирале координативен тим на инспектори и полициски службеници за зајакнување на мерките за контрола на теренот за пронаоѓање на потенцијални загадувачи.

Секојдневно ќе се пријавуваат прекршувања, а казните ќе бидат ригорозни за фирмите кои не ги исполнуваат еколошките стандарди, како и за домаќинствата коишто го загадуваат воздухот користејќи гуми, пластика и прегорено моторно масло како гориво за греење.

Вчера скопјани исто така беа згрозени од глетката во строгиот центар на градот каде се наоѓа студентскиот дом „Кузман Јосифовски- Питу“.

На сликата која што најпрво ја објавија на социјалните мрежи се гледа дека системот за греење на мазут во домот се уште е во функција и покрај тоа што во февруари оваа година се потпиша меморандум за соработка меѓу студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу и АД БЕГ Скопје со цел замена на системот за греење во студентскиот дом од нафта за греење односно мазут со приклучување кон системот на централно греење.

Во време кога загаденоста на градот е највисоко ниво, ова е само доказ за институционална негрижа и неспособност на владата да ги реализира оние проекти кои ги вети пред граѓаните, а на социјалните мрежи започнаа и да се мајтапат со властите поради црниот чад.

Инаку освен со загадениот воздух тетовци ова лето се гушеа и во ѓубре и смет од преполните контејнери и диви депонии за кои градоначалничката мува не ја полази…

Тетово тоне во ѓубре, жителите гневни на Теута Арифи која мува не ја лази: „Малку е ова за Тетово, европска градоначалничка имаат“ (ФОТО)

Тетово никако да се ослободи од загаденоста и зимо и лето.

Иако тетовци мислеа дека со доаѓањето на летото ќе се ослободат од загадениот воздух, сепак општината на чие чело е Теута Арифи уште еднаш докажа дека тоа не е можно.

Социјалните мрежи овие денови се преполни со фотографии од расфрлано ѓубре во Тетово, а граѓаните гневни бараат спас од градоначалничката која мува не ја лази.

-Има луѓе во овој град да се побунат или се чека некој друг да заврши работа?

-Малку е ова за Тетово, Европска градоначалничка имаат, само едно не ми е јасно како тетовци трпат, запали го сакале или не ќе го изгаснат и исчистат.

-Лепота, се само дел од коментарите под фотографиите кои ги разочараа тетовци од владеењето на градоначалничката.

Македонија инаку веќе цела измината недела „Блескаше“ на листата на најзагадени држави во светот, а освен рушењето на рекорди секојдневно загадениот воздух ги наполни и болниците.

Власта како и секоја година и оваа очигледно ќе ја преспие зимата обвинувајќи ги изминатите влади кои биле виновни за загадениот воздух во државата, особено во Скопје за чиј загаден воздух Шилегов неодамна обвини дека виновни биле изминатите власти во период од 30 години наназад.

Коронавирус