вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 146
home Вести

Македонија чека договор за почеток на преговори со ЕУ, Бучковски ни донесе бугарска телевизија

Македонија чека договор за почеток на преговори со ЕУ, Бучковски ни донесе бугарска телевизија

Од први март, Бугарската национална телевизија, ќе се гледа и во Македонија. Ова го договорил специјалниот пратеник во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски, на средба со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов, директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, како и првиот човек на Телеком, Никола Љушев.

Работата на Бучковски не е да договара каква содржина ќе гледаат македонските граѓани на телевизија, но очигледно друго ништо не може да сработи од функцијата која ја обавува. Македонија чека договор за почеток на преговори со ЕУ бидејќи ни беше објаснето дека Бучковски за тоа и доби ваква позиција, да преговара. Тој, наместо да договори тоа што треба, ни донесе бугарска телевизија

Договорот предвидува бугарскиот национален канал да се емитува на најгледаната платформа во земјава MAX TV, а во исто време, првиот канал на МТВ треба да стане и дел од пакетите на бугарските оператори.

Оваа информација одекна и во бугарската јавност.

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов е гневен од најавата за враќање на српскиот јазик во училиштата и за отворање на Српски културен центар во Скопје, но сигурно се израдува на идејата Македонците да гледаат бугарска телевизија. Тој јавно плука по сè што е македонско, особено по македонската историја и македонскиот јазик кои ги негира.

Каракачанов истакна дека, според него, е проблем што во Македонија нема бугарски медиуми.

-Бугарски медиуми во Македонија нема. Има српски, има секакви, но бугарски нема. И Скопје продолжува да тврди дека биле нормално, демократско и плуралистичко општество. За 30 години откако Македонија е независна држава, таму не се решил ниту еден бугарски медиум да извади лиценца и да се прошири, рече тој.

Но, за тоа не води грижа ниту државниот врв на Македонија, зошто би очекувале бугарски политичар да се грижи?

Едно е сигурно – на патот кон бугарската идеја да се докаже дека македонското е бугарско, македонските политичари не превземаа ништо. Напротив, тие наместо да преговараат за заштита  на Македонија, народот и историјата, не прават крупни чекори. Како најголем чекор ни го претставија носењето на бугарска телевизија.

Желбите на Каракачанов се исполнуваат од Заев и Бучковски. Секако, на штета на македонските граѓани.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија