среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 1
home Вести

Македонија брои жртви, а на Заев му е до броење гласови: Зошто на екс-премиерот му се брза да има избори?

Македонија брои жртви, а на Заев му е до броење гласови: Зошто на екс-премиерот му се брза да има избори?

На лидерот на СДСМ, Зоран Заев му се брза да има избори. Додека граѓаните водат битка за сопственото здравје, екс-премиерот води битка за нивните гласови.

Предвремените парламентарни избори беа закажани за 12-ти април годинава, но се случи пандемија на коронавирус. Секојдневно расте бројот на заразени и починати во Македонија, народот живее во страв, илјадници луѓе останаа без работа и средства за егзистенција, загрижени се граѓаните за сопственото здравје и за здравјето на своите најблиски. Но, единствената грижа на Заев во моментов е како да протурка избори во најкус можен рок.

Бидејќи на секој разумен човек сигурно не му е јасна оваа неразумна и бесрамна идеја, анализираме зошто Заев толку сака избори. Истовремено доаѓаме до одговорот на прашањето: Зошто тие избори не треба да се случат брзо.

Македонија е на врвот на црните статистики по најголем број на жртви од коронавирусот во регионот. Земјава е под строги мерки, вонредна состојба, полициски час. Коронавирусот зема жртви. Секое групирање на повеќе луѓе е ризик за здравјето на македонските граѓани.

Ако изборите се одржат за кус временски период од сега, тоа ќе биде директно загрозување на здравјето на граѓаните и ризик од губење на повеќе животи.

Стравот кај народот нема брзо да помине. Тоа ќе резултира со досега незапамтена ниска излезност на изборите. Со мал број на гласови е полесно да се манипулира. Кому му одговара тоа? На политичар соочен со сите анкети кои му покажуваат дека народот нема доверба во него и дека граѓаните се разочарани.

Зоран Заев знае дека граѓаните ги помнат сите негови лажни ветувања кои ги даваше пред претходните избори и не ги исполни. Довербата ја загуби бидејќи докажа дека ветуваше се и сешто за да седне на фотелја. Потоа ги заборави.

Замислете какви ветувања сега ќе биде спремен да дава знаејќи дека веќе еднаш му успеало со лажни ветувања да добие гласови на избори.

За време на предизборната кампања, Заев ќе ги изнесе на улица сите свои партиски симпатизери и ќе ги втурне во оган и опасност да бидат заразени, само за тој да има посетен митинг. Од друга страна, за да го избегне ова можно е да одлучи да нема митинзи и посети на граѓани на терен. За да не можат во лице да му кажат дека не му веруваат.

Тогаш тој ќе си ја води кампањата од својата удобна канцеларија на Бихаќка, па од таму може да ветува што ќе му падне на памет.

Кога не го гледаш во очи оној на кого му се обраќаш, полесно е да зборуваш ако реално немаш што да кажеш.

Ветувањата на Заев сме ги чуле до сега, не сме ја виделе реализацијата. Тој кога ветува брда и долини не кажува ниту колкава сума ќе биде потрошена за тој проект, ниту кога ќе започне и кога ќе заврши. Ја нема таа пресметка бидејќи знае дека тие проекти нема да се реализираат.

Доколку изборите во Република Македонија се одржат брзо, по барање на Заев, со сигурност ќе биде драстично намален и бројот на набљудувачи кои на сите избори досега доаѓаат во нашата земја да се погрижат изборите да бидат фер и демократски. Ова на Заев ќе му дојде како “кец на десетка“. Без набљудувачи, тој на терен ќе може да си скрои фалсификат по мерка.

Кога нема да има контрола на терен, СДСМ ќе може да поткупува гласачи. Еден таков случај во Струмица пред кусо време излезе на очиглед на граѓаните.

Нетпрес: Поткуп на гласачи во Струмица, вмешан и Вице Заев?

Во Струмица бил откриен поткуп на гласачи и непочитување на полицискиот час од страна на активисти на владејачката партија.

Полициски извори од СВР Струмица утрово за медиумите брифираат дека настан во кој се приведени неколку лица кои се блиски до СДСМ по секоја цена треба да биде сокриен и да на биде евидентиран во полицискиот билтен.

Во меѓувреме Нетпрес неофицијално дознава и дека Вице Заев, брат на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, лично бил во полициска станица да влијае на полицајците да ги ослободат поткупувачите.

Изворите информираат дека станува збор за случај на еклатантно кршење на законите во кој е констатирано злоупотреба на полициските дозволи и за неговото прикривање интервенирале бизнис моќници од Струмица кои се блиски до партијата на власт.

Николоски: На цела македонска јавност ѝ стана јасно дека Зоран Заев и неговото семејство делат поткуп!

На цела македонска јавност и стана јасно дека Зоран Заев и неговото семејство делат поткуп! Во услови на најтешка здравствена и економска криза тие нечовечки се обидуваат за неколку прехранбени производи да купат луѓе, да го купат нивниот глас на следните избори затоа што само на тоа мислат, обвини пред неколку дена потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Само на избори! На ништо друго. На цела Македонија и се потврди тоа што Струмица долго време го знае дека Заев победуваше за градоначалник не на чесни туку на наместени избори во кои тој купуваше масовно гласови. Тоа го видовме и од материјалите објавени во италијанскиот весник “Ла верита” каде тој, брат му и другите од семејството купуваат гласови. Тоа се спремаат да го направат и на следните избори и затоа денес паниката и нервозата им е огромна зашто знаат дека се живи фатени.

Додека изигрува добротвор, а за да демантира дека ова што го велам не е така барам да одговори на следиве прашања, кои ги поставив уште на 7-ми Април ама до денес не даде одговор:

1. Колку вкупно т.н. помош има поделено со точни количини на сите продукти кои се поделени?

2. Дали може да покаже фактури дека тие производи се платени? Или истите се обезбедени со рекет од фирмите производители и дистрибутери?

3. Да докаже потекло на парите со кои се платени ако се платени?

4. По кој критериум се поделени производите, зашто на едни граѓани се делени, а на други не?

5. Дали донациите се пријавени?

Бонус прашање за денес – ако е се во ред зашто брат му Вице урлал во полициска станица во Струмица вчера и се заканувал од позиција на сила на полициските службеници?

Зоран Заев треба да знае дека на луѓето не им треба помош од неколку производи кои брзо ќе ги потрошат, им треба работа и правда! Работа за сами да си заработат, а не да чекаат помош, правда за да не можат Заев и семејството да прават што сакаат по Македонија. На избори многу јасно цел народ а особено овие угнетени и понижени луѓе на кои Заев им го уништува и достоинството покрај што ги покраде ќе бидат тивкото мнозинство што ќе го испрати во политичка пензија, а Македонија ќе ја однесе кон подобри денови, пишува Николоски.

Со највеќе мртви на Балканот, СДСМ турка избори загрозувајќи го здравјето на граѓаните

Додека државата брои заразени и жртви, СДСМ сака да брои гласови на избори.

Партијата на Зоран Заев е впушти во “авантура“ да го свикува самораспуштеното Собрание. Се договорија, собираа потписи, пратениците од оваа партија бараа да се вратат во законодавниот дом. Се надеваа на брзи избори, но пред се сакаат преку Собранието да најдат алиби за катастрофалните грешки кои ги прават и дрското кршење на законите.

Од Талат Џафери добија студен туш. Претседателот на распуштеното Собрание, во „КликПлус“ на ТВ21  ја објасни иницијативата за одново свикување на Собранието, после иницијативата на СДСМ. Јасно одговори дека тоа не е можно.

-Собранието може да се врати само на следните избори, и тоа може да го стори народот, коментираше Џафери.

СДСМ поднесе иницијатива со која сакаше повторно да го собере Парламентот, но таа иницијатива беше одбиена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

ЕУРО 2020

Македонија