среда, 28. јули 2021. Вести денес: 178
home Вести

МАКЕДОНИЈА 5-ТА ВО СВЕТОТ: Шилегов молчи, животна средина тврди дека пустински ветер ја загадува земјата, Државниот инспекторат одбива да одговори!

Ако навистина е пустински ветер и прашина од Сахара, како истиот ги заобиколи сите соседни земји и тој директно пристигна во Македонија која се наоѓа на ПЕТТОТО место според најзагадени земји во светот!
МАКЕДОНИЈА 5-ТА ВО СВЕТОТ: Шилегов молчи, животна средина тврди дека пустински ветер ја загадува земјата, Државниот инспекторат одбива да одговори!

☢️ МАКЕДОНИЈА СЕ ГУШИ И СРЕДЕ ЛЕТО! ☢️

Македонските граѓани веќе два дена мака мачат со загадениот воздух низ целата земја.

Алармантна е ситуацијата и во главниот град каде само вчера беа измерени 985 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички.

Утрово најзагаден град во земјава е Куманово каде имаме загаденост од 100 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, слична е ситуацијата и во Центар, Ректоратот, Карпош, како и Лисиче и Миладиновци.

 

💨 Министерството за животна средина вели дека не е загаден воздухот, станува збор за пустински ветер! 💨

По вчерашното екстремно загадување во земјава, денеска одговор побаравме и од Министерството за животна средина кое во одговор на новинарското прашање на КУРИР меѓу другото велат и дека причината за загадениот воздух е топлотниот бран кој ја зафати нашата земја овие денови.

„Среднодневните концентрации на ПМ 10 честичките за 22.06 .2021 се благо надмината на речиси сите мерни места, освен на мерното место во Гевгелија. Во прилог е табелата со измерените среднодневни концентрации на ПМ 10 честичките. При анализа на квалитетот на воздухот се зема предвид и временската прогноза која ја добиваме од УХРМ. Според последниот неформален разговор со УХМР во изминативе денови забележено е движење на топла воздушна маса која носи прекугранична прашина (се претпоставува дека станува збор за пустински ветер) и истиот може да продолжи и во наредните денови. Од таа причина забележано е надминување на среднодневната концентрација на ПМ 10 честичките и на мерното место во Лазарополе во која во вообичаени услови нема надминување“, велат од министерството.

Кликнете на фотографијата за да ја зголемите

Од таму додаваат и дека во врска со забележаната висока вредност на ПМ 10 суспендираните честички на мерното место Ректорат и Миладиновци известуваме дека тоа е резултат на прекин на напојување со електрична енергија при што настанува прекин во мерењата на сите параметри за квалитет на воздух вклучувајќи ги и мерењата на концентрацијата на ПМ 10 честичките.

-По доаѓањето на електричната енергија мерните инструменти се рестартираат, а појавените високи вредности на измерени концентрации на суспендираните ПМ честички се случуваат поради процесот на стабилизација на инструментот по неговото повторно ставање во функција и се невалидни, велат од таму.

Инаку во меѓувреме КУРИР побара и одговор од градот Скопје кој до овој момент нема одговорено на прашањето дали градскиот татко кој се подготвува за избори презема нешто во овие два дена за справување со загадениот воздух и доколку НЕ, ние го потсетуваме што можеше, а не презема:


„Треба конечно да ставиме крај на самоволието кое што досега го одредуваше градските политики. Во програмата имаме големи планови за Скопје, итно ќе донесеме сет мерки за загадување на градот, инвестираме во кули за прочистување на воздухот, еколошки јавен превоз, како и дека со закон на секоја ново изградена станбена единица да се посадат пет садници“, ова се само дел од ветувањата кои ги вети, а не ги исполни Шилегов до ден денес.


КУРИР побара и одговор од Државниот инспекторат за животна средина од каде раководителот на секторот за инспекциски надзор во животна средина и природата Хусни Тачи откако дозна дека разговара со медиуми експресно си најде задача правдајќи се дека е на состанок (веќе познато).

В.Д директорката пак на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска за КУРИР на прашањето дали се излезени на терен вели дека тоа постојано го прават, но дека оваа настаната ситуација е поради климатска појава.

-На други загадувачи во Скопје во овој момент, инспекторите се постојано на терен, оваа ново настаната ситуација е поради климатската појава на ветерот од Сахара, вели Петровска.

Додава дека иако има повеќе градилишта во Скопје во лето не се случило толку големо ниво на загаденост.

Во меѓувреме граѓаните само едно нешто ги мачи

Ако навистина е пустински ветер и прашина од Сахара, како истиот ги заобиколи сите соседни земји и тој директно пристигна во Македонија која се наоѓа на ПЕТТОТО место според најзагадени земји во светот!

Инаку според убедувањата на сите горенаведени извори Македонија ја дели границата со Индонезија, Индија, Кина Бангладеш, Пакистан, Русија и Дубуаи, но не и со нашите вистински соседи кои ги нема на мапата и на ова рангирање.

Вчера инаку и жителите на скопската населба Аеродром и Ново Лисиче дополнително буквално се гушеа од густиот смог и чад кои се ширеше низ општината, предизвикан од несовесно палење на гуми и ѓубре како што тврдат граѓаните.

„Па треба да се фатат тие што палат гуми кај кванташки секој ден и денеска исто беше кај се тие инспекции“

„На кого му е гајле за овој успан народ се додека е така сите ќе патиме, а нај веќе е жално за младата популација“

„Направете уште малку згради, нема зеленило, нормално дека нема да се диши“, се само мал дел од коментарите на социјалните мрежи од револтираните граѓани.

 

Коронавирус