понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Македонија 2018 година- политичкиот прогон стана нормална работа

Македонија 2018 година- политичкиот прогон стана нормална работа

Барањето на поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски да му се одложи извршувањето на санкцијата правно гледано не е воопшто слабо, непоткрепено или неодржливо како што провладините медиуми оркестрирано и со потценувачки тон известуваа. Напротив. Проблемот е што судиите облеани од страв за својот комодитет, или задоени од влијанието на власта, не судат по право туку по политички нарачки, впрочем како и за се друго досега во процесите против Никола Груевски поведени од СЈО за кое уставниот суд повеќе од три години не се произнесува за неговата (не)уставност, пишува порталот „Република“.

Првата причина дека како пратеник и член на уставната комисија, бара одлагање со цел во овој чуствителен период кога се менува уставот на државата за најважното прашање во последните речиси 30 години, сама по себе треба да е доволна причина. Веројатно доколку судијата немаше политички и медиумски притисок од медиуми кои се под контрола на режимот на власта, да го прифати и да го одложи извршувањето на санкцијата која произлегува од речиси три годишниот политички прогон против Груевски и повеќемина од ВМРО-ДПМНЕ и контролираната од политиката судска постапка против него.

И тоа како е важно и ќе биде штета не само за него како пратеник, туку и за државата, доколку еден од најискусните политичари во Република Македонија, и дефинитивно еден од двата најискусни живи политичари под чија директна палка 11 години се воделе разговори со Грција за изнаоѓање решение за наметнатиот проблем со името, и кој што тој лично на највисоко ниво водел такви разговори, судот му оневозможи да учествува и даде свој допринос како пратеник и член на уставната комисија на парламентот, за ова високо чуствително прашање, како што е менувањето на уставот со цел менување на името.

Само држава како Македонија може вака да се однесува кон своите најискусни кадри по прашањата од највисок национален интерес.

Секако, во еден таков процес на Груевски би му биле потребни и од дополнителни консултации, пред се, со експерти по уставно право, особено во делот на формулирањето на амадманите, за што и ќе беше од полза ако извршувањето на оваа политичка пресуда се одложеше на три месеци како што побара тој. Државата немаше ништо да загуби со тоа, напротив можеше само да добие.

Но очигледно, се работи за политички прогон и лични хирови каде не се гледа рационално, државнички, правно или без гнев кој води во погрешни одлуки.

Дека судот не донел своја туку туѓа испорачана политичка одлука најдобар доказ е образложението на судијата Пајазит Пајазити за кого добро упатените велат дека деновиве бил под жесток притисок на владините и режимски експоненти во судот кои го притискале по секоја цена да ја отфрли и одбие молбата од Груевски. Пајазити како главен аргумент во одбивањето на Груевски по овој основ навел дека службениот весник кој му бил доставен како доказ бил фотокопиран а не оргинален, иако судот каде Пајазити е вработен ги добива и ги има истите службени весници во оргинал.

Тој навел и дека одбраната не доставила доказ во оргинал дека Груевски е член на уставната комисија, иако доколку имал малку добра воља и слобода сам да одлучува можел или тоа да го утврди од веб-страната на парламентот или со допис до парламентот кој е должен во најкраток рок да му достави официјален одговор. Исто така навел и дека не било доставено во оргинал писмото од судијката која му пресуди, Добрила Кацарска до претседателот на парламентот, иако секој знае дека копија од тоа писмо има во истиот суд каде Пајазити работи, и уште една оргинална копија кај Талат Џафери. Не може да има оргинално писмо кај Груевски бидејки Кацарска писмото не го испратила до Груевски туку до Талат Џафери.

Ова се само дел од изнудените образложенија на Пајазити кој под притисок на политиката морал нешто да напише, иако и самиот сигурно интимно се срами од тоа што го напишал и како судија, и како правник и како човек.

Но стравот кај судиите е толку голем што тие се спремни да си ја погазат и дипломата и образот, и интегритетот, да ја свиткаат кичмата, со цел да небидат тие ставени под политички прогон како што е ставен Груевски како одмазда за неговото долгогодишно пркосење на притисокот за промена на името.

Слично е и со барањето по вториот основ. Не е поентата дека Груевски пишува книга како што се обидоа мошне оркестрирано да карикираат режимските медиуми. Поентата е дека уште пред неколку месеци Груевски се договорил со издавачот за ова издавање на книгата која произлегува од неговиот докторат, и при тоа се договорил издавачот со кој се познавал долго време, веднаш да ги започне подготовките, што истиот и го направил и веќе креирал финасиски обврски за подготвителни активности за издавањето на книгата, а во исто време по препорака на рецензентот на книгата Груевски превзел обврска заради актуелност на книгата, за истата да направи дополнителни истражување со кое ќе обезбеди податоци, анализи и коментари за трендовите и државите кои ги истражувал во трудот за последните 2-3 години, пишува порталот.

Имено во докторскиот труд најголем дел од податоците му биле заклучно со 2015 година, помал дел и со 2016 година а многу малку податоци има за 2017 година. Идејата на рецензентот за поголема актуелност на книгата е разбирлива имајки во обзир дека поминато е доста време и излезени се посвежи статистички и други податоци за кои е потребно дополнително истражување, анализа и коментар кој било договорено да се завршат заклучно со крајот на јануари 2019 година, кога и би била издадена книгата. Во спротивно како што навела одбраната на Груевски, веќе направените трошоци за подготовка на издавачот ќе паднат на штета на Груевски, а по две години книгата ќе изгуби на актуелност.

Според информациите договорот со издавачот бил устен, но и усниот договор во правото се смета за договор доколку двете страни го потврдат.

Судијата кога не би бил под политички притисок во ваква ситуација би се обратил до издавачот со допис со цел да ги потврди наводите и доколку се потврдат би одобрил одлагање на извршувањето на санкцијата за три месеци. Исто како што досега на илјадници други граѓани им одобрил одложување на издржувањето на санкцијата за слични и многу побанални причини. Исто како на илјадници земјоделци им овозможил одлагање со цел да ја завршат жетвата на нивата за да немаат штета или слично.

Но, одамна веќе за Никола Груевски и за функционерите на ВМРО не важат истите правила како за другите граѓани, и е цел на безмилосен политички прогон со цел по секоја цена, иако, како што смета одбраната, без реално сторено кривично дело, ден порано да биде втурнат во затвор заради неколку причини.

Прво како одмазда за пркосот и одбивањето да прифати промена на името по грчки терк во период од цели 11 години владеење на ВМРО и претходно уште 3 години како лидер на опозицијата во кој беше главен и клучен на браникот на одбраната на името.

Второ, со цел да се испрати порака до сите политичари кои можат да пркосат при налетите на притисоци за одлуки кои имаат директно негативно влијание на националните и државни интереси, и порака до граѓаните исто како и до политичарите, дека ако може Груевски, уште полесно може и тие да завршат во затвор ако се спротиставуваат на урнисувањето на националните позиции.

Порака и дека, и не мора да имаш сторено кривично дело за да те затворат ако си непослушен и се спротиставуваш.
Многу пораки во еден прогон и едно затворање.

Дополнително, ако на Груевски му се случи нешто по животот во затворот, пораката би била уште посилна а поуката подолготрајна. Тоа е Македонија година, во 1948/49 и тоа е Македонија во 2018 година. Нема разлика.

Ќе остане и ќе се изучува во историјата по 30, 40, 50 години што се правело на водачот на каузата за македонизмот, додека инсталираната марионетска власт го менувала името на државата, идентитетот на нацијата, уставот, и ја претворило земјата во бинационала федерација.

Гледано со историска диоптрија, доколку Груевски преживее во затворот по излегувањето ќе биде херој. Доколку не преживее, ќе стане легенда.

Зоран Заев може да прави и зборува денес што сака. Ќе дојде време кога ќе биде срушен од власт, и ќе остане запаметен како предавник кој го тероризирал, затворал и прогонувал неговиот претходник и долгогодишен политички ривал кој никогаш немаше да го победи доколку истиот небеше само инструмент на далеку поголема надворешна сила, која победила далеку посилни држави отколку Република Македонија.

Една позната политичка мисла гласи вака: ако посетуваш некоја држава по прв пат, и ако сакаш да видиш колкава е демократијата во таа земја, посети го претходникот на владетелот, и прашај го каков му е животот.
Ако некој го направи тоа во Македонија, сега или уште повеќе по неколку дена, ќе ја добие вистинската слика за македонската демократија во 2018 година. Политичкиот прогон стана нормална работа во Македонија.

Пратеникот Крсто Муковски, кој 20 дена претходно со понудена кауција беше одбиен да биде пуштен да се брани од слобода, кога и затреба на партијата на власт да гласа во нивна полза во парламентот, од истиот суд од кој претходно беше одбиен, беше експресно ослободен без никаква кауција.

Друг еден притвореник од истиот предмет пред неколку дена бил одбиен да се брани од слобода иако собрал и понудил гаранција од над половина милион евра.

Груевски е на суд секој ден, убијците од Монструм еднаш месечно. Обвинет од Монструм добива одлагање на санкција за нелегален пиштол бидејки поткашлувал, Груевски одбиен оти документи кои во оргинал ги има самиот суд ги доставил во фотокопија.

Груевски за „тоа на М“ каде немало ни провизии, ни мито ниту финасиска штета, а имало потреба за негова набавка оди во затвор, бидејќи освен странските гости и него го возеле со таа кола неколку пати како што денес го возат и Заев. Заев пак, за документирани од обвинител со видео снимка докази за отворено барање мито прогласен за невин, од истиот суд и судија кој го осуди Груевски за „тоа на М“.

Македонија 2018. Живот. И многу неправда.

Коронавирус