вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 95
home Вести

Македонец пронајден мртов по пожар во ресторан во Италија

Македонец пронајден мртов по пожар во ресторан во Италија

Италијанските пожарникари гасејќи пожар во угостителски објект во близината на Кротоне, пронашле мртов маж кој што подоцна било утврдено дека е 49-годишен македонски државјанин, објави порталот „Зум 24“.

Според неофицијалните информации, најверојатно македонскиот државјанин бил вработен како чувар во ресторанот. На лице место пристигнале и полицијата, а екипата од брза помош можела само да констатира смрт на 49-годишното лице, кој бил познат под името Антонио.

Полицијата испитува како настанал пожарот.

Коронавирус