сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 95
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Македонец кој живее во Кина: СЕДЕТЕ ДОМА, еве зошто овој вирус е страшен

Македонец кој живее во Кина: СЕДЕТЕ ДОМА, еве зошто овој вирус е страшен

Во екот на коронавирусот, на социјалните мрежи се појави и статус ви кои Македонец кој живее во Кина вели дека најдобро е да се седи дома во овој период на ширење на вирусот.

-Добро утро професорке. Би ве замолил доколку можете да го споделите текстов во врска со вирусот. Ви благодарам. Јас живеам во Кина веќе 4 години. За време на епидемијата од Ковид граѓаните се самоизолираа со цел да се заштитат и да се намали преносот. Гледам дека разни луѓе кажуваат дека контаминацијата од овој вирус е МАЛА споредено со туберкулозата, но причината зошто овој вирус е страшен бидејќи дури и да е лечењето успешно, лицата имаат респираторни проблеми после. Најтешките случај во Кина беше пред недела дена каде што на жена и колабираа белите дробови и се угуши во својот дом. Последните случаи не можат да прават никави физичка активност (да качуваат скали, вежбаат…) бидејќи пак белите дробови можат да им колабираат. Затоа СЕДЕТЕ ДОМА и при секое излегување носете маски и ракавици.

Во Кина во врвот на кризата само еден член на семејството можеше да излезе секој втор ден од дома да купи храна. Освен аптеките и маркетите, ништо друго не работеше. Деновиве доколку некој користи јавен транспорт или јавно место се мери температура и доколку има над 37 дирекно се носи во болница. Исто така без маски не може да се користи јавно место или танспорт. Чувајте се! Не одете на работа! Седете дома!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Коронавирус