петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 150
home Вести

Македонците во Франкфурт: Остануваме обединети и единствени за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата

Од плоштадот Гете, Македонците продолжија со марш по булевар Kaiserstrasse до новата Железничка станица. Денес во Франкфурт се организираше протест и на грчката заедница со пораки против Македонците и “Македонија е една и грчка“.

Македонската заедница во Франкфурт денес во 12.00 часот организираше протест на плоштадот Гете во Франкфурт (Frankfurt Goetheplatz) со цел како што велат да се сврти вниманието на Европската Унија кон Македонија и македонскиот народ.

Од плоштадот Гете, Македонците продолжија со марш по булевар Kaiserstrasse до новата Железничка станица. Денес во Франкфурт се организираше протест и на грчката заедница со пораки против Македонците и “Македонија е една и грчка“.

– Да останеме обединети и единствени за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, – порачаа Македонците на мирниот протест во Франкфурт.

Коронавирус