петок, 10. јули 2020. Вести денес: 114
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Вести

Македонците во Данска за прв пат го одбележаа празникот Водици (ФОТО+ВИДЕО)

Македонците во Данска за прв пат го одбележаа празникот Водици (ФОТО+ВИДЕО)

Македонците кои живеат во Данска за прв пат оваа година го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици со фрлање на крстот во водите на Балтичкото море во Копенхаген.

Од 17 млади луѓе кои учествуваа во чинот, до крстот прв успеа да стигне Јордан Велиновски.

Одбележувањето на празникот Водици започна со одржување на богослужба во македонската црква во Копенхаген од страна на отец Димче Ставроски, а потоа се упатија на кејот на морето каде се изврши и чинот на фрлањето на крстот.

Одбележувањето на празникот беше во организација на Македонската Православна Црква – ОА Општина „Св. Климент Охридски“ во Копенхаген и на Македонците кои живеат во Данска.

Парламентарни избори 2020