вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 120
home Вести

Македонците повторно излегувaaт на улица: Нов семакедонски протест на 29 мај

Македонците повторно излегувaaт на улица: Нов семакедонски протест на 29 мај

9ти Мај 2021 година, Торонто, Канада – Поради не исполнувања на нашите барања од семакедонскиот протест на 25ти Април кој беше организиран по повод годишнината од настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017,поради политичките прогони против патриотите,поради лажните искази и сведоци,поради драконските казни , Македонците во светот и татковината, македонските заедници и организации од Европа, Канада, САД и Австралија, единствени и обединети, на 29 Мај 2021 година (сабота) во Скопје по втор пат ќе организираат Семакедонски мирен протест под слоганот “ПРАВДА ЗА УСТВОБРАНИТЕЛИТЕ-СЛОБОДА ЗА МАКЕДОНИЈА! “Нашите барања за обновување на постапката со нови клучни докази и сведоци мора да биде прифатена, или ќе падне одлука за обновена постапка за политичките прогонувани патриоти, или ќе падне владата, протестите во една или друга форма ќе продолжат се до конечно остварување на целта .

Семакедонскиот протест започнува со собирање на учесниците пред Владата од 11 часот. Маршот од пред Владата тргнува во 12 часот, а оттаму ќе се движи по булевар “Даме Груев“, Булевар “Димитрие Чуповски“, Булевар “11 Октомври“, до Собранието на Македонија во 13 часот.

Семакедонскиот Народен протест пред Собранието ќе трае до 15 часот.
На Семакедонскиот протест ќе биде интонирана националната химна “Денес над Македонија“ и ќе се прочита Декларација со барања кои ќе бидат доставени до: Претседателот, Собранието и Владата на Република Македонија, Обединетите Нации, Советот на Европа, ЕУ, НАТО, ОБСЕ и странските амбасади и мисии во Република Македонија.

Семакедонскиот протест ќе биде без бина и без говори.

Организаторите на Семакедонскиот протест ги канат сите Македонци по род и државјанство, сите политички партии и здруженија на граѓани на масовно учество, без партиски знамиња.

Декларацијата од Семакедонскиот протест ќе биде отпечатена на летоци и поделена на учесниците.

Организаторите на Семакедонскиот протест апелираат до сите учесници да се придржуваат на протоколите за време на пандемија, носење маски и на пропишана дистанца, како и на почитување на неповредливоста на имотите и неприкосновеноста на животите. Организаторите се оградуваат од навредливи скандирања и транспаренти на етничка и верска основа.

Организатори : Македонците во светот и Татковината

Линк од настанот.

ЕУРО 2020

Македонија