петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 114
home Вести

Македонците од Париз и Берлин саботата ѝ ја посветија на Македонија: Стопирање на преговорите за името, НЕ за двојазичност (ВИДЕО)

Македонците од Париз и Берлин саботата ѝ ја посветија на Македонија: Стопирање на преговорите за името, НЕ за двојазичност (ВИДЕО)

Македонците од Франција и Германија, кои живеат и работат во Париз и Берлин, денеска излегоа на мирни протести за да го изразат своето негодување и непрфаќање на погубните политики на актуелната власт.

Целта на мирните протести е стопирање на преговорите за името, но и против воведувањето на двојазичноста, договорот со Бугарија и како што велат предавството на Македонија која го прави актуелната влада.

Тие го потсетија светот дека Република Македонија е нивната татковина и нема да прифатат да се нарекуваат никако поинаку освен Македонци.