недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 53
home Вести

Македонците од Малта со јасна порака до Заев: Не поддржуваме промена на уставното име и Уставот на државата

Македонците од Малта со јасна порака до Заев: Не поддржуваме промена на уставното име и Уставот на државата

Претставници на Македонската заедница во Малта ја напуштиле средбата со премиерот Зоран Заев кој во моментот е во дводневна посета на таа земја, поради несогласување околу спорот со името и Законот за двојазичност.

Како што соопштија од заедницата, тие ги потврдиле ставовите дека цврсто стојат против промена на уставното име на Република Македонија, Уставот и против Законот за двојазичност.

– Во текот на средбата, ние, преставниците на Македонската заедница во Малта, ги потврдивме нашите ставови дека цврсто стоиме против промена на уставното име на Република Македонија, уставот и против законот за двојазичност, а неуморно работиме кон промовирање на Македонската кауза и заштита на македонскиот идентитет. Од причина што не наидовме на заеднички ставови при темите на разговор, ние, преставниците на Македонската заедница во Малта одлучивме дека е излишно да се продолжи разговорот кога е повеќе од очигледно дека двете страни застапуваат два сосема различни ставови, се вели во соопштението кое тие го објавија на својата Фејсбук страница.

Тие исто така, ја искористиле можноста да побараат одговор за протестното писмо кое тие го испратија до премиерот преку министерот за дијаспора, Едмонд Адеми, во март оваа година. Заев потврдил дека го добил писмото, посочувајќи им дека протестирањето и различното мислење се демократско право на секој човек и затоа носи дебата.

Коронавирус