петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 154
home Вести

Македонците од четврток во Кипар ќе влегуваат со негативен ПЦР тест

Македонците од четврток во Кипар ќе влегуваат со негативен ПЦР тест

Туристите, како што е веќе пракса од лани, пред да го посетат Кипар, задолжително е. 48 часа пред патувањето, да го пополнат CyprusFlightPass, односно онлајн формуларот достапен на https://cyprusflightpass.gov.cy/ .

Од третата, црвената зона, Македонија од 8 јули 2021 година ќе биде преместена во втората категорија, односно на портокаловата листа земји за патување на Кипар и неопходен е негативен ПЦР тест направен 72 часа пред заминувањето.

Согласно одлуките на кипарската Влада, земјите се поделени во три зони во зависност од епидемиолошката слика: зелена, портокалова, црвена и за секоја од нив важат посебни правила, а државите кои не се во некоја од овие листи се во сивата зона.

Во првата (зелена) категорија „земји со ниска опасност“ е 31 држава и за нив не се предвидени никакви рестрикции, не е потребен тест, ниту самоизолација.

За земјите од втората (портокаловата) категорија задолжителна е потврда за негативен молекуларен тест направен 72 часа пред патувањето и заедно со Македонија, се и Португалија, Ирска, Летонија, Шведска, Холандија, Андора, Кина, САД, Јапонија, Србија, Канада, Саудиска Арабија, Либан, Јужна Кореа, Катар, Косово и Азербејџан.

Во третата (црвената) категорија земји со „зголемена опасност во споредба со другите две категории“, вклучени се 19 држави, задолжителен е негативен тест ПЦР тест 72 часа пред поаѓањето и уште еден при пристигнувањето на Кипар, а во оваа листа, до четврток е и Македонија.

Во однос на вакцинираните посетители, од Министерството за здравство на Кипар соопштуваат дека ослободени од задолжителниот негативен тест или карантин, се туристите кои поседуваат сертификат за вакцинација издаден од земјите- членки на ЕУ, на Европската економска зона, од Швајцарија, Израел, Русија, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Украина, Јордан, Либан, Египет, Белорусија, Србија, Катар, Бахреин, САД, Ерменија, Грузија, Канада и Кувајт.

Но, и да се поминати 14 дена од ревакцинацијата со една од вакцините одобрени од Европската организација на лекови (Фајзер, Модерна, Астра Зенека и Џонсон) или со Спутник V или Синофарм.

Туристите, како што е веќе пракса од лани, пред да го посетат Кипар, задолжително е. 48 часа пред патувањето, да го пополнат CyprusFlightPass, односно онлајн формуларот достапен на https://cyprusflightpass.gov.cy/ .

Од Министерството за здравство на Кипар потенцираат дека категоризацијата на земји, заснована врз процената на епидемиолошкиот ризик, е исклучително динамична и може да се промени во било време согласно развојот на пандемијата и промената на епидемиолошките податоци, па затоа, листите континуирано се ажурираат.

Локални избори 2021