среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Македонците кои живеат во Данска го одбележаа Водици (ФОТО+ВИДЕО)

Македонците кои живеат во Данска го одбележаа Водици (ФОТО+ВИДЕО)

Македонците кои живеат во Данска и оваа година го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици со фрлање на крстот во водите на Балтичкото море во Копенхаген.

Од десетината млади луѓе кои учествуваа во чинот, оваа година учествуваше и најмладиот учесник, единаесет годишниот Никола Велиновски, а до крстот прв успеа да стигне 27-годишниот Александар Павловски.

Одбележувањето на празникот Водици започна со одржување на богослужба во македонската црква во Копенхаген од страна на отец Димче Ставроски, а потоа се упатија на кејот на морето каде се изврши и чинот на фрлањето на крстот.

Одбележувањето на празникот беше во организација на Македонската Православна Црква – ОА Општина „Св. Климент Охридски“ во Копенхаген и на Македонците кои живеат во Данска.