вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Македонците две недели после грчката јавност, беа почестени од Заев со информација за референдумските прашања

Македонците две недели после грчката јавност, беа почестени од Заев со информација за референдумските прашања

Македонската јавноста две недели после грчката јавност дозна за содржината на референдумското прашање.

Имено премиерот Заев уште на почетокот од месец јуни во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ кажа дека референдумското прашање ќе биде – „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со поддршка на договорот со Грција?“ за дури после две недели и македонската јавност да го слушне прашањето, за кое никој друг, туку таа, ќе треба да се изјасни.

-Народот, убеден сум дека ќе биде за договорот со Грција, заради тоа што прашањето веројатно ќе биде – „Дали сте за ЕУ и НАТО и за поддршка на договорот со Грција?“, веројатно во тој правец ќе биде заради тоа што едно со друго кај нас е поврзано, кажа Заев на интервјуто за грчката национална телевизија ЕРТ на 05.07.2018 година.

Доцна синоќа и македонската јавност го слушна прашањето за референдумот, за кој треба да се изјасни, цели две недели откако Заев го  обелодени пред грчките граѓани.

-Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција, изјави Заев од вчерашната прес-конференција.

Македонската стручна и научна јавност го обвинуваше Заев уште од самиот почеток на преговорите за промена  на името со Грција, бидејќи целиот процес се водеше нетранспарентно и надвор од очите на јавноста.

Информациите нашите граѓани наместо од официјалните претставници на македонската влада, ги дознаваа од грчките медиуми или изјави на премиерот за некој странски медиум, така е и сега со референдумското прашање.

Најнови вести

Коронавирус