среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 152
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Македонци украле 150 литри дизел од паркиран камион во Словенија

Македонци украле 150 литри дизел од паркиран камион во Словенија

Изминатата недела, жител на словенечкото место Бивје забележал тројца сомнителни мажи како се врткаат околу паркиран камион „Сканија“, па откако почекал да види какви им се намерите, ги фатил на дело како со пумпа крадат гориво од резервоарот, пишуваат словенечките медиуми, пренесува Слободен печат.

Сведокот на кражбата веднаш повикал полиција, по што двајца од крадците биле веднаш уапсени, а третиот побегнал во блиската кафеана, каде се криел околу половина час, пред да биде фатен.

Според полицијата, тројцата Македонци престојуваат во Словенија, а во нивните два автомобила, биле пронајдени туби наполнети со украденото дизел гориво.

Коронавирус