вторник, 4. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Македонци се обиделе преку Бугарија да влезат во Грција, веднаш вратени назад

Македонци се обиделе преку Бугарија да влезат во Грција, веднаш вратени назад

Околу 10 до 15 автомобили од Македонија и Босна и Херцеговина утрово биле вратени од граничниот премин Промахонас/Кулата на грчко-бугарската граница, откако сакале преку Бугарија да влезат во Грција, објавија грчките телевизии „Скај“ и „Мега“.

Конкретниот граничен премин е отворен за влез на туристи во Грција, но само од земјите членки на ЕУ и од третите земји што се најдоа на европската листа, додека пак за македонските државјани, забраната за влез во Грција до 15 јули 2020 важи независно од граничниот премин, јави дописничката на МИА од Атина.

Коронавирус