четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 7
home Вести

Македонци од Берлин одбиле да се сретнат со министерот за дијаспора Адеми

Македонци од Берлин одбиле да се сретнат со министерот за дијаспора Адеми

Министерот за дијаспора Едмонд Адеми бил одбиен за средба од Македонската црковна заедница во Берлин која не сакала да се сретне со владиниот функционер затоа што не се согласувале со политиките на власта, објави Експрес.

Министерот од редовите на СДСМ е во неколкудневна посета на главниот град на Германија и во својата „турнеја“ има за цел да го објасни преспанскиот договор за чие прифаќање ќе се одлучува на референдум распишан за 30 септември.

Во писмото кое го објавуваат Македонци од Германија со кое се одбива средбата со црковната општина на МПЦ Свети Климент Охридски од Берлин, се вели дека ја одбиваат состанок затоа што било најавено дека ќе се зборува за дневни политички теми.

Причина за одбивањето на средбата е и најавата дека на неа министерот Адеми сакал да ги промовира придобивките од договорот со Грција. За Црковната општина Свети Климент Охридски се работи за штетен и срамен договор и нема потреба сега или било кога некој пред нејзините членови да ги презентира придобивките од него.

Коронавирус