петок, 25. септември 2020. Вести денес: 180
home Вести

Македонци измамени за работа во Германија

Македонци измамени за работа во Германија

Дваесетина македонски граѓани последниве неколку недели се измамени од огласи за работа во ЕУ и особено во Германија по што тие заминале во дестинациите каде што им била ветена работа каде што никој не ги пречекал и морале сами да се снаоѓаат за сместување и враќање назад, пишува порталот Expres.mk.

Според информациите од македонски граѓани кои што излажани од огласите пристигнал во Берлин, дел од измамените предходно уплатиле паричини средства за посредување при наоѓање работо место.

Огласите најпрвин се објавуваат на македонски сајтови за рекламирање и продажба за потоа контактот да оди преку бугарски граѓани кои што ја „организирале“ работата.

На наводно избраните за работа во фирми во Германија им се земале пари и за транспорт до Германија а им се ветувало вработување во фирми како Кауфланд.

Голем дел од измамените не се двоумеле да платат и по 1000 евра за посредување при работа затоа што понудените плати биле примамливи, дури до 1850 евра бруто од која според ветувањата се одбивало само по 200 евра за данок иако во Германија данокот е над 40 % од платата.

За лагата да биде поголема на измамените им се ветуваат и бесплатни станови за кои не морало да се плаќа ни за струја и вода а на сето тоа имс е ветувале и слободни викенди и тоа во фабрики за производство на хартија и други објекти каде што процесот на производство не запира воопшто.

На дел од измамените им било речено дека за работа во Германија не им треба бугарски туку само македонски пасош.

И покрај очигледните лажни ветување голем број македонски граѓани ги упатиле последните пари и тргнале во Германија каде што доживеале разочарување.

Коронавирус