понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мајсторски: Пред избори, градоначалникот и челниците од СДС ветуваа изградба на нов студентски дом во Штип, но обезбедија само лицемерие

Мајсторски: Пред избори, градоначалникот и челниците од СДС ветуваа изградба на нов студентски дом во Штип, но обезбедија само лицемерие

Пред избори, градоначалникот и челниците од СДС ветуваа капитални инвестиции и изградба на нов и модерен студентски дом во Штип. Градоначалникот веќе четири месеци ја извршува својата функција, а сега веќе има други приоритетни проекти на кои ќе потроши 1,5 милиони денари, истакна Филип Мајсторски од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС ветуваше изградба на студентски дом во Штип до крајот на 2017 година. Годината помина, а во моментов нема предвидено локациски услови, ни основна документација за подготовка на тендер. Таква инвестиција нема предвидено ниту во Буџетот на Владата на Република Македонија, ниту во Буџетот на општина Штип. Градоначалникот Бочварски ветуваше дека ќе побара пари од државата за изградба на студентски дом, но и ова беше уште една предизборна лага на владејачката партија. Градоначалникот, како потпретседател на СДС нуту побара пари од државата, ниту прави обид да лобира во Владата, за изградба на еден ваков капитален проект. Тој, приоритет дава на набавка на убав мебел и пијалоци за неговите пријатели и партиски апаратчици, нововработени во администрацијата, а студентите ги нема во листата на приоритетите. Тие се избришани! Износот на сумата за мебел и пијалоци изнесува 1,5 милиони денари, а за студентите нема предвидено ниту денар, рече Мајсторски и додаде:

„Благодарение на претходната Влада, целосно беа обновени мебелот и опремата во студентскиот дом, меѓутоа оттогаш до денес, нема најави за други конкретни чекори. Вие и Вашата Влада, ги измамивте студентите, на кои им ветивте дека веднаш ќе се зафатите со решавање на состојбите и условите за живеење во студентските домови. Вие лично ги уверувавте студентите дека промените ќе се случат и дека студентите од штипскиот универзитет ќе добијат нов студентски дом. Но, Вие им обезбедивте само лицемерие, пропаганда и манипулација, со еден куп лаги, кои студентите ги препознаа“.

Коронавирус