четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 22
home Вести

Мајките очајни поради владината негрижа: Нивните солзи многу тежат, еве што порачуваат! (ВИДЕО)

Мајките очајни поради владината негрижа: Нивните солзи многу тежат, еве што порачуваат! (ВИДЕО)

Пред владата се одржи најавениот протест на родилки и мајки на деца до шест годишна возраст против одлуката која ги обврзува да го прекинат продолженото породилно отсуство и да се вратат на работа.

Мајките бараат промена на одлуката, односно продолжување на отсуството до крајот на годината, како што претходно препорача Комисијата за инфективни болести.

Околу 150 родители се излезени на денешниот протест со транспаренти со раце со следнава содржина: Дали вашите деца ќе ги пуштите во градинка?, Вашите деца не се поважни од нашите?, За нашите деца ги спремавте монтажните болници?, Комисијата за заразни болести не ви е валидна?

Една од мајките не можеше да ги задржи солзите:

„Ние не сме неработници, ние сме мајки кои се грижат за сопствените деца. Ние имаме кариери, сакаме да се вратиме на работа. Но, сакаме децата да ни бидат безбедни“, порача таа.

Коронавирус