сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 72
home Вести

Мајките на продолжено породилно денеска на нов протест пред Владата

Мајките на продолжено породилно денеска на нов протест пред Владата

Мајките кои се на породилно утре ќе излезат на нов втор по ред протест пред Владата, во обид да издејствуваат укинување на одлуката во среда да се вратат на работа.

Протестот е закажан за во 17.30 минути пред зградата на Владата.

Викендот министерот за здравство Венко Филипче изјави дека Владата не ги прифатила нивните барања испорачани после првиот протест во четвртокот.

Од друга страна мајките сметаат дека високите бројки на заразени со Ковид-19 деновиве и неколкуте случаи на инфицирани деца и вработени во градинките се голем ризик за нивните деца.

Коронавирус