сабота, 21. јули 2018. Вести денес: 54
home Вести

Мајката на убиениот Александар: На нашите мртви деца им течеа солзи додека да ги погребаме, извршителите да се плашат од тие солзи

Мајката на убиениот Александар: На нашите мртви деца им течеа солзи додека да ги погребаме, извршителите да се плашат од тие солзи

Рочиштето за случајот „Монструм“ прво откако го презеде СЈО, денеска на самиот почеток веднаш беше прекинато и одложено за 15 мај, поради отсуство на обвинетиот Фејзи Азири кој бил хоспитализиран на пулмологија.

Мајката на Александар, Зорица Наќевска побара од судот и од обвинителството да ја утврдат вистината, пишува Фокус.

– Судот и обвинителството да ги утврдат улогите на обвинетите, дали се извршители или помагачи. Бараме и да се декодираат броевите кои во пресудата се заведени како државна тајна, а се на функционери од ДУИ, рече Наќевска.

Таа побара и да се откријат нн сторителите кои биле посочени од заштитениот сведок но не биле вклучени во истрагата бидејќи биле недостапни за органите на прогонот.

 

Таа од судот си го побара и мобилниот телефон на својот син кој за нив како што рече, бил многу вреден.

– Децата ни ги убија во четврток вечерта, во петок ни ги донесоа, а нивните очи беа отворени. Се до саботата, додека да ги погребаме им течеа солзи. Сите тие што го извршија грозоморниот чин да се плашат од тие солзи, заврши Зорица Наќевска.

Целиот текст прочитајте го во ФОКУС