понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 25
home Вести

Мајката на Пино продолжува со протестите, го повикува министерот Спасовски да се обрати пред присутните

Мајката на Пино продолжува со протестите, го повикува министерот Спасовски да се обрати пред присутните

Мајката на исчезнатото момче Пино Секондо, Маја Трпковска, денеска повторно ќе излезе на мирен протест на кој ќе ги бара одговорите од МВР и од Сектор за исчезнати, каде е нејзиното дете и до каде е стигната потрагата по него.

Протестот ќе започне во 17 часот пред Собрание, а на Трпковска ќе и се придружи и Бекир, таткото на Арбен Аслан, кој исто така е исчезнат повеќе од два месеци. Од Пино (26) пак, нема трага ниту глас уште од 10-ти декември 2018 година, кога излегол со својот автомобил и не се вратил дома.

Блиските го опишуваат како одговорна личност која никогаш не би заминала без да се јави. Очајната мајка вели дека не се откажува од својата битка за пронаоѓање на своето дете и во повеќе наврати јавно апелираше до министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да се појави на протестите и да и даде одговори.

Коронавирус