понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 146
home Вести

Мајката и синот од Велес починале на крајот на јануари, а не во март како што Филипче тврдеше

Мајката и синот од Велес починале на крајот на јануари, а не во март како што Филипче тврдеше

Чулев се повикува на искуството на полициајците кои биле на увид а кои тврдат дека телата биле во стадиум на распаѓање од два месеца.

Смртта на синот и мајката во Велес настапила на крајот на јануари и евентурално на почеток на февруари, тврди министерот за вантрешни работи Наќе Чулев.

Тој во „Отворено“ рече дека на тоа укажуваат податоците со кои располага МВР кои укажуваат дека телата биле во стадиум на распаѓање од два месеца, а не од еден месец како што тврдат здравствените власти.

– Нашата истрага која опфаќа разговор со соседите, податоци за струјомерот, водомерот, телефонските повици, укажуваат на фактот дека од половината на јануари двајцата не контектирале со никого. Полицајците кои ја воршеа предистрагата посочуваат дека телата на починатите биле во распаѓање како за два месеца што говори дека тие биле подолг период починати од она што го посочија здравствените власти – рече Чулев.

Тој рече дека предистрагата е завршена, а истрагата треба да утврди когса всушност починале мајаката и синот од Велес што ќе даде нова слика за постоењето на коронавирусот во земјава.

Министерот за здравство Венко Филипче, по завршување на уводот на Судска медицина на мајката и синот кои беа најдени починати во стан во Велес, изјави дека според сите анализи, состојбата на телата, амбиенталните услови, сите информации што ги добиле докторите од Институтот за судска медицина, констатирано е дека смртта настапила пред три до пет недели од моментот на пронаоѓање, односно во март, а не во јануари како што иницијално беше споменато.

Филипче рече и дека се работи на случајот за да се утврди причината за смртта на мајката и синот.

– Се прават хистопатолошки и токсиколошки анализи по што ќе се финализира целокупниот наод и извештај на Институтот -рече Филипче.

Коронавирус