сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 67
home Вести

Мајка со три деца вратена од скопскиот аеродром – биле позитивни на коронавирус

Мајка со три деца вратена од скопскиот аеродром – биле позитивни на коронавирус

Мајка со три деца кои биле тестирани во приватна клиника, сите позитивни на коронавирус, не ги послушале епидемиолозите за задолжителна самоизолација и заминале на аеродромот во Скопје, но Комисијата за заразни болести ги предупредила воздухопловните власти, па така семејството було запрено пред да се качи во авион, пишува СДК.мк.

Тие додаваат дека аеродромските служби во Скопје во неделата спречиле семејството да се качи на еден од двата лета за Норвешка и да ги зарази и останатите патници.

Инцидентот на Скопскиот аеродром се случил ден откако во Финска слетал авион со 157 патници од Скопје, од кои 24 биле позитивни на коронавирус.

Коронавирус