понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 63
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Мајка беспомошно викала по синот: „Саше каде си“, татко сам си го извадил детето од автобусот

Мајка беспомошно викала по синот: „Саше каде си“,  татко сам си го извадил детето од автобусот

Сам го извадив син ми од автобусот. Ми се јави на мобилен, само рече„не знам што се случи, имавме несреќа“. Веднаш тргнав од Гостивар кон Карпалак и го извадив син ми од автобус.

Вака раскажува татко на едно од повредените момчиња во трагедијата вечерва, за 24инфо.мк.

За разлика од него, многу гостиварци кои дојода на местото на несреќата не ги најдоа своите најблиски.

„Саше, кај си Саше“, низ плач го бараше својот син една жена, која потоа се спушти по стрмниот дел кон стариот пат, пренесе 24инфо.мк.