сабота, 8. август 2020. Вести денес: 14
home Вести

Маја Иванова подели пакетчиња на Детска клиника, им посака на дечињата побргу да оздрават

Маја Иванова подели пакетчиња на Детска клиника, им посака на дечињата побргу да оздрават

Сопругата на Претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, денеска ја посети Клиниката за детски болести во Скопје и на децата згрижени во таа јавна здравствена установа им подари новогодишни пакетчиња.

„Традиционално, десетта година по ред, последниот ден од годината што изминува го посветувам на децата коишто, за жал, новогодишната ноќ и новогодишните празници, наместо во своите домови, ќе ја поминат овде на детската клиника. Пакетчињата што ги подарив и што ги поделив барем за миг ја вратија среќата и радоста на детските лица. На секое од нив му посакав една единствена и голема желба, а тоа е во новата година што побргу да оздрават, да се вратат во прегратките на своите семејства, во прегратките на своите родители, во училишните клупи меѓу своите другарчиња“, изјави г-ѓа Иванова.

Г-ѓа Иванова изјави дека е особено горда што зад себе остава два големи проекта поврзани со Детската клиника, реализирани под нејзино покровителство, а со голема финансиска помош на турската агенција ТИКА – отворањето на Детскиот ургентен центар и целосното реновирање на одделот за интензивна нега.

„Сето тоа го направив со голема љубов, затоа што сметам дека здравствената заштита на децата овде во Македонија треба да биде подигната на највисоко ниво, да ги достигне тие европски стандарди. Секогаш сум била, сум и ќе останам со децата и ќе работам за нив, не од причина што мојот сопруг е Претседател на Република Македонија, како негова сопруга, туку пред се како жена и мајка, затоа што функциите доаѓаат и поминуваат, меѓутоа човечноста, солидарноста, хуманоста остануваат, а тоа треба да бидат највозвишените цели на секој од нас. Сакам уште еднаш на овие дечиња што овде остануваат, на нивните родители, на персоналот на детската клиника којшто несебично се вложува и работи овие деца што побрзо да оздрават и излезат од болница, да им ја честитам новата 2019 година“, изјави г-ѓа Маја Иванова при посетата на Клиниката за детски болести во Скопје.

Коронавирус