четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 122
home Вести

Магла на повеќе патни правци, се нормализира авиосообраќајот

Магла на повеќе патни правци, се нормализира авиосообраќајот

Поради појава на магла намалена видливост има на патниот правец Македонски Брод – Кичево од 30 до 50 метри, на патот Охрид – Струга од 40 до 50 метри и на планинскиот премин Ѓавато од 50 до 100 метри, соопшти во пладневниот извештај за состојбата на патиштата Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

По утринските откажувања на полетувањата и слетувањата на Меѓународниот аеродром Скопје кои беа попречени од густата магла, од претпладне, односно напладне, се реализираат планираните летови.

Како што информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите,  поради појава на магла и можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Коронавирус