сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Вести

Магла кај Крушево, слаб снег на Попова Шапка

Магла кај Крушево, слаб снег на Попова Шапка

Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во Крушево. Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка, но моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информира ЈП Македонијапат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.