понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 102
home Вести

Магазин: Ќерката на поранешниот директор на МЕПСО вработена во СЈО

Магазин: Ќерката на поранешниот директор на МЕПСО вработена во СЈО

Сашо Василевски, довчерашниот директор на МЕПСО, како резултат на блискоста со обвинителката Катица Јанева, си ја вработил ќерката во СЈО, пишува Магазин. Имено, неговата ќерка Марија Василевска, дипломиран правник, почнала на работа во СЈО во декември 2017 година, за солидна плата од 49.000 денари.

Магазин додава дека исто така и внукот на сашо Василевски, извесен Илче Србиновски од Ресен, се вработил во СЈО како помлад соработник, како резултат на личната блискост меѓу Сашо и Катица.

Вчера порталот А1-он откри дека Василевски исто така се стекнал со сопственост на 110 квадратен стан во Скопје, за багателна цена од 80.000 евра, а како резултат на многу сомнителна постапка од обвинителката Јанева, која потпишала налог да се замрзне целиот имот на фирмата “Бентон“ од Гевгелија (која била под истрага), освен предметниот стан, кој намерно го изоставила.

Коронавирус