сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Вести

Маестрална шаховска игра на Мицкоски, избори за финален пораз на политиките на Заев

Маестрална шаховска игра на Мицкоски, избори за финален пораз на политиките на Заев

Вешт, умешен и мудар. Вака аналитичарите го оценуваат потегот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со кој тој бараше гаранција за здравјето на граѓаните за одржување на изборите.

Политичките аналитичари кои ги контактираше Курир сметаат дека Мицкоски на овој начин повторно покажал дека граѓаните и нивното здравје се пред се’, а не желбата за лидерство по секоја цена.

За бетон-изјави на претседателот на СДСМ, Зоран Заев сметаат дека се урнати како кула од карти. Менувањето на бетон цврстите ставови на Заев околу датумот за избори, според аналитичарите, на граѓаните само им потврдија дека Заев се бори грчевито за личните интереси, а не за интересите на граѓаните.

-Конечно завршија мачните преговори “ќе има –ќе нема избори“, “со или без опозицијата“. Што видовме? Или поточно на што бевме сведоци. Видовме како едната страна – власта претставувана од техничкиот премиер Оливер Спасовски, од претседателот на СДСМ, Зоран Заев и експертскиот двоец без кормилар Филипче – Караџовски, предлагаше вонредна состојба, само нејзе кога и одговара, а тоа не го правеше кога беше најпотребно, поточно кога бројките на заразени и на починати, за жал, се зголемуваа, вртоглаво. За цело тоа време Зоран Заев лицитираше со датуми за брзи избори, во распон од почетокот на јуни, за 38 јуни, преку 5 јули, до 8 јули. Со забетониран став, дека изборите мора да се одржат на 5 или 8 јули. И, не бидна така. Ставот-бетон се распадна како кула од карти, или како меурчиња од сапуница, и избори ќе има на 15 јули 2020г. За целиот тој период Мицкоски покажуваше висок степен на грижа за здравјето на луѓето и беше сконцентриран на сузбивањето на последиците од корона пандемијата. Резигнирано одбиваше да разговара за било која дата на одржување на брзи избори, во услови кога животите на граѓаните-избирачи се загрозени од смртоносната зараза. Значи, Мицковски, не да чекаше погоден момент за гаранција за здравјето и животите на граѓаните, туку тој мудро го изнуди тоа, што значеше пораз на нехуманото однесување од спротивната страна. Toa e конзистентност на став, смета Сотир Костов.

Професорот Александар Даштевски смета дека Мицкоски цело време се бори со крајно, арогантен, самобендисан и неподготвен непријател.

-Тоа е многу тешка задача, особено во период кога се работи за здравјето и животите на граѓаните. Со такви противници тешко се наоѓа погоден момент, бидејќи тие се како диви ѕверови. Кога се ранети (како сега) тие се целосно загубени, непресметливи, стануваат уште поопасни и се обидуваат да уништат се што можат. Стратегијата, тактиката и техниката која ја употреби лидерот на опозицијата е толку моќна што треба да се изучува во високообразовните институции. Тој знаеше од самиот почеток дека поранешниот премиер Зоран Заев, многу тешко ќе го изведе тоа да оди на изборите без опозицијата. Затоа, пред се, поради здравјето на граѓаните, односно поради времето кое е потребно за прецизирање на роковите, а како една од главните причини и присуство на мисијата ОБСЕ-ОДИХР, која е особено потребна на овие избори, кога опозицијата спротивно на изборниот законик почна предвремена кампања и во време на изборен период делеше прехранбени производи иако е тоа забрането. Вешто и умерено претседателот на опозицијата знаејќи дека има и други фактори кои одлучуваат, како што се Претседателот на Собранието, Државната изборна комисија, ставовите на меѓународната заедница, успеа да издејствува најповолен датум за изборите, вели Даштевски.

Костов вели дека за време на целиот овој период на преговори пмпонираше професорската сериозност на Мицкоски, а особено чесноста дека не е заинтересиран за избори, за кои цената би се плаќала во човечки животи.

-Тој искрен став и честито држење, професорот го красеа за цело ова време. Во тоа и се состои есенцијалната разлика помеѓу вистинското лидерство на Мицкоски, воопшто незаинтересиран за власт по секоја цена, а особено не, кога цената е изразена во човечки животи, од една страна и срамното и лажно лидерство на Зоран Заев, кој грчевито се бори, по секоја цена, не бирајќи средства, да ја задржи власта, која и така не му е заслужена и освоена на избори, туку со валкани договори и коалиции, од друга страна. Впрочем потврда за ова дојде и од изјавата на неговиот коалиционен партнер ДУИ. И на крај, ама не најмалку важно, напротив, за мене и најважно, е  покажаната хуманост од старана на Христијан Мицкоски, кон највисоките вредности – здравјето и животот на човекот. Ова за мене е нешто повеќе од тактика. Тоа е стратешко размислување и соодветна стратегија, како да го разоружаш противникот, а да не се откажеш од вредностите за кои се залагаш, дециден е Костов.

Во однос на изјавите и однесувањето на Заев во периодот на преговори, Даштевски анализира дека истото од прекинувањето на мерките за изолација кон крајот на мај до денес било конфузно и дезориентирано.

-Уште во текот на мај бараше избори на 14-ти јуни, тоа е денот кога имавме најголем број на заболени и починати лица или 200 позитивни на вирусот и 10 починати. Потоа рече, избори мора да има на 21 јуни па макар и без опозицијата, па дека мора да има на 21 исто така со ултиматум. Следниот датум му беше 5 јули, без одлагање и без опозицијата, иако Еврокомесарот за проширување на ЕУ бараше консензус на сите партии за да бидат изборите легитимни. Па 8-ми јули според него конечен датум, па 12-ти јули најдоцна, за на крај да го прифати предлогот на Мицкоски, изборите да се одржат на 15 јули. За сето тоа време додека траеше тактизирањето се доби во време да се разработат протоколите за гласање во вакви услови и да ја дочекаме мисијата на ОБСЕ-ОДИХР која треба да пристигне на 5-ти јули датумот кога поранешниот премиер бараше избори. Во овој период народот сфати дека нему не му се важни изборите и здравјето на луѓето туку личните интереси. Заедно со неговата марионета-министерот за здравство, не успеаја да се справат со вирусот, напротив во таа борба да има што помалку излезени, ја раширија пандемијата, така што денеска сме први во Европа и четврти во светот по бројот на заразени и починати лица. Но народот ја сфати неговата намера и неговиот рејтинг вртоглаво паѓа, вели професорот Даштевски.

Костов смета дека токму ваквиот одговорен пристап е она што на дело ја прави разликата, додавајќи дека воедно тоа значи пораз на политиката на Заев и СДСМ – политика заснована на лаги, измами и манипулации.

Податоците од најновата анкета објавена денеска, а спроведена од Институтот “Habeas Corpus” покажува дека доколку утре би се одржале избори, изборот на граѓаните би бил влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Парламентарни избори 2020