четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 39
home Вести

Мадуро: Ја испитуваме можноста за дијалог со опозицијата

Мадуро: Ја испитуваме можноста за дијалог со опозицијата

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро синоќа изјави дека негови двајца претставници заминале во Норвешка со цел да испитаат дали постои можност за дијалог со опозицијата и за „изготвување мирна агенда“.

Претставниците на Мадуро вчера престојуваа во Осло на разговори со норвешките медијатори за излез од кризата во Венецуела. Во Норвешка допатуваа и претставници на венецуелската опозиција, но двете делегации немаа директни разговори.

Политичката криза во Венецуела ескалираше во јануари годинава, кога по истекот на претходниот мандат на Мадуро, претседателот на Националното собрание и лидер на опозицијата, Хуан Гуаидо се прогласи за привремен шеф на државата. Гуаидо се повика на одредбите на Уставот кои предвидуваат дека првиот човек на Националното собрание ја презема функцијата претседател на Венецуела, доколку по истекот на мандатот на шефот на државата не биде избран негов наследник.

Мадуро лани победи на претседателските избори, кои беа со сомнителен легитимитет и бојкотирани од опозицијата, која одбива да ги признае изборните резултати.

По ова повеќе западни земји, меѓу кои САД и најголем дел од членките на ЕУ, го признаа Гуаидо за легитимен претседател на Венецуела. Од друга страна, Русија, Кина, Турција, Иран и неколку други земји, го признаваат Мадуро како легитимен шеф на државата.

Во врска со посредните разговори во Осло, на Твитер се огласи и Гуаидо, кој оцени дека секој иницијатива за посредување мора да почне со „крај на узурпацијата“, алудирајќи на барањето на опозицијата за повлекување на Мадуро од власта.

Коронавирус