сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 92
home Вести

Мадрид: Влатко Ѓорчев се сретна со потпретседателот на Сенатот на Шпанија

Мадрид: Влатко Ѓорчев се сретна со потпретседателот на Сенатот на Шпанија

Пратеникот Влатко Ѓорчев како шеф на Делегацијата во Парламентарното Собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) учествува на Конференцијата за жртвите на тероризмот во областа на Парламентарното Собрание на ОБСЕ, што се одржува на 15 и 16 ноември 2018 година во Мадрид, во организација на Сенатот на Шпанија и ПС на ОБСЕ.

Пратеникот Ѓорчев оствари билатерална средба со потпретседателот на Сенатот на Шпанија – Педро Санз Алонсо. На средбата Ѓорчев го информираше соговорникот за актуелните политички случувања во Македонија и за соработката помеѓу двете држави.

На Конференцијата пред пратениците се обратија: Педро Санз Алонсо, потпретседател на Сенатот на Шпанија, Макис Воридис, претседател на Ад-хок Комитетот на ПС на ОБСЕ за борба против тероризмот, Хозе Луис Санз Руиз, претседател на Комисијата за внатрешни работи  на Сенатот на Шпанија и други.

Беа разменети мислења и со претставници на организациите на жртвите од тероризмот од Шпанија, САД, Франција  и Белгија.

Учесниците во дискусијата ја нагласија потребата за заеднички и координиран пристап во борбата против тероризмот, вклучително и преку спроведување на релевантните меѓународни обврски, а се фокусираа и на потребата за зајакнување на контролата на границите и подобрување на размената на информации на сите нивоа.

Коронавирус