недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Лукаревска, Битиќи и Филипче не се нови кадри – во изминатиот период на чело со Заев упропастија се што може да се упропасти!

Лукаревска, Битиќи и Филипче не се нови кадри – во изминатиот период на чело со Заев упропастија се што може да се упропасти!

Актуелната директорка на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска е нова заменик-претседателка на СДСМ, односно ја зазеде позицијата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

На 26 Конгрес на СДСМ за потпретседатели беа избрани министерот за здравство Венко Филипче и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, кои што како можи да забележи македонската јавност се носители на клучни државнички позиции, за кои во изминатиот период не успеаа да се справат на најсодветен начин со наметнатите предизвици кои што ги наментна пандемијата, односно ова тројка на чело со претседателот на партијата од нивното доаѓање упропастија се што може да се упропасти.

Потпишани штетни договори со Грција и Бугарија, односно смнето име, се задира во историјата, идентитетот и ред други работи за кои што се уште не им е дојдено времето… оти како што истакна и премиерот Зоран Заев при неговата посета во Атина „има 35 поглавја и на сите 35 поглавја Бугарија има право по три пати да не блокира“, во превод би заначело, ако едно поглавје трае најмалку една година, а Бугарија не блокира три пати, тоа се три години, а за сите 35 поглавја, односно без да ги реши сите отворени проблеми со Бугарија кои настанаа како последица од потпишаниот договор за добрососедство „Заев-Борисов“, на Македонија за влез во Европската Унија би и биле потребни најмалку 105 години.

Во однос на изборот на Битиќи и Лукаревска, и двајцата и во минатото во владата предводена од премиерот Зоран Заев носеа клучни државнички позиции, односно и двајцата беа од економскиот тим на премиерот, при што и двајцата немаат нешто блескаво и со што да се пофалат, бидејќи за нивно време на улица и без работа останаа над 60 илјади работници, а голем број на бизниси беа затворени… Од 2 милијарди евра колку што се задолжи власта, кај стопанството завршија само 350 милиони евра, кои што не беа доволни за истите.

Министерот за здравство Венко Филипче во македонската јавност ќе остане запамтен како најнеспособниот министер од независноста на Република Македонија, бидејќи истиот освен пропаганда за лични и партиски поени не направи ништо во интерес на граѓаните. Не се справи на содветен начин со корона кризата, бидејќи Македонија е на дното по сите параметри,како во Европа така и во светот. Македонија со над 5.200 починати и црна дупка во Европа и светот, па друри полоша и од Кина која што брои околу 2 милијарди жители.

Единствено од театарот кој што се одвиваше на Бихаќа, е тоа што претседателот на СДСМ Зоран Заев со изборот на овие кадри си ја зацврсти позицијата на партискиот трон, а Лукаревска, Битиќи и Филипче, не претставуваат ништо друго, освен продолжена рака на Зоран Заев.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија