недела, 20. септември 2020. Вести денес: 92
home Вести

ЛУЃЕТО ПАНИЧНО БЕГААТ: Објавени снимки од земјотресот кој ја здрма и Македонија (ВИДЕО)

ЛУЃЕТО ПАНИЧНО БЕГААТ: Објавени снимки од земјотресот кој ја здрма и Македонија (ВИДЕО)

Земјотрес со магнитуда од 5,2 степени според Рихтеровата скала со епицентар 30 километри западно од Пеќ, Косово, е почуствуван претпладнево во 11:46 часот во Скопје и северозападна Македонија.

Црногорските медиуми известија дека земјотресот предизвикал паника кај граѓаните, а по социјалните мрежи се појавија фотографии од оштетени градби.

Настанати се одредени материјални штети, како што се пукнатини на ѕидовите и одронувања на фасади. Во прв момент граѓаните на Подгорица биле надвор од своите домови, но откако потресот не се повторил тие безбедно се вратиле во своите живеалишта.

Четири семејства кои живеат во село најблиску до епицентарот ги напуштиле домовите, поради тоа што нивните куќи биле стари и оштетени, а земјотресот предизвикал уште поголеми оштетувања.

Во повеќе згради е забележано оштетување на олуците и оџаците. За среќа, нема човечки жртви.

Овој земјотрес беше почувствуван и во други држави од Регионот.

Коронавирус