недела, 9. мај 2021. Вести денес: 111
home Вести

ЛУДА МАРТА ГО ДОНЕСЕ СНЕГОТ: Во моментов врне снег на Водно, а до крајот на денот УХМР со предупредување за нови врнежи! (ФОТО)

ЛУДА МАРТА ГО ДОНЕСЕ СНЕГОТ: Во моментов врне снег на Водно, а до крајот на денот УХМР со предупредување за нови врнежи! (ФОТО)

Старото народно верување за месец март речиси и да се исполни.

„лудата марта“ ни донесе снег на повеќе места во земјава, а особено видливо е во главниот град.

Во моментов снег врне на Водно, а така ќе биде и до крајот на денот и ноќта.

УХМР инаку издаде и актуелно предупредување за денес дека времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Поради продор на студена воздушна маса, во текот на денот границата на снежните врнежи ќе се спушта, па околу пладне снег ќе врне и на повисоките места, а во вечерните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во западните и северните делови. Најобилни врнежи се очекуваат на западот (локално над 25 л/24ч), каде на планините снежната покривка ќе се зголеми, а до крајот на денот мала снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места. Попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието, кој ќе се задржи до утре претпладне и ќе услови опаѓање на температурата.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и постудено. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено претпладне и поизразен вдолж Повардарието.

Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Во сабота времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од западен правец. Сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд претежно во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Коронавирус