понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 14
home Вести

Лозановска: Филипче и Заев без компас, нема вакцини, ама има британски сој на вирусот

Лозановска: Филипче и Заев без компас, нема вакцини, ама има британски сој на вирусот

Нова лага во низата на лаги на министерот за здравство. Мутацијата на британскиот сој на КОВИД – 19 во Македонија ја имало од 29 декември 2020 година. Министерот на 22 јануари рече во Македонија нема мутација на корона како во Велика Британија, истакна Олга Лозановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа истакна дека лицето кај кое е детектиран британскиот сој е веќе оздравено и се води во евиденцијата на оздравени од 22 јануари.

-Токму на тој 22 јануари Филипче рече дека го немало овој британскиот сој во Македонија. Владата е без компас! Министерот и премиерот не знаат какви се видови на вируси има! Додека сите држави во светот се во трка за вакцина повеќе, тука вакцините не се ни на повидок. Граѓаните секојдневно сведочат само на лагите како вакцини ќе има на крај на декември, почеток на јануари, па во февруари. А, фактот е еден – вакцини нема. Во другите држави граѓаните бираат со какви вакцини ќе се вакцинираат, а министерот питачеше кај ќе стигне, последно се најде пред вратите на Кинезите. Србија во меѓувреме понуди медицинските лица од земјава да се вакцинираат кај нив, а министерот одби. Ама на министерот му се случи кластер на Клиниката за нефрологија, дваесет здравствени лица заболени од само една болница! Цел свет, сите држави итаа по вакцини, а премиерот ни зборуваше за НАТО стратегии. Главната алатка во борбата против пандемијата, вакцините против КОВИД-19 ги нема, ама го има британскиот сој на вирусот. Ова граѓаните скапо го плаќаат, некои и со своите животи. Одговорност мора да има, посочи Лозановска

Коронавирус