понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 4
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Лошата комуникација меѓу здравствените институции го испушти новозаразеното момче од Велес од официјалната евиденција

Лошата комуникација меѓу здравствените институции го испушти новозаразеното момче од Велес од официјалната евиденција

Случајот со заразениот средношколец од Велес, кој е потврден денеска кај неговиот матичен лекар, го нема во евиденцијата на Министерството за здравство. Според министерот Венко Филипче, во последното деноноќие се регистрирани 30 заразени, а ниту еден од Велес, објавува Батали.нет.

Сепак, матичниот лекар на заразениот средношколец веќе го информирал и Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Велес и Велешката болница. Од ЦЈЗ Велес ја потврдија информацијата, но велат дека тие подоцна ги добиваат резултатите од тестовите кои одат преку матичните лекари, па затоа во официјалната бројка на министерството овој заболен го нема.

Ова го потврди и матичниот лекар на новозаболениот велешанец. Од таму информираат дека резултатот го добиле во 12:30 часот и веднаш го известиле семејството на заразеното момче, но и ЦЈЗ Велес и инфективното одделение на велешката болница.

Батали.нет попладнево објави дека средношколец од Велес е позитивен на коронавирус. Тој е тестиран во понеделникот, а неговите резултати стигнаа денеска. Според нашите информации, средношколецот не е поврзан со првите случаи на заразени, вработените од Шумското стопанство Бабуна.

Младиот велешанец најверојатно се заразил од негов роднина, кој пред две недели се вратил од странство, но немал никакви симптоми.

Средношколецот неколку денови е дома со симптоми на коронавирус, но бидејќи до денеска немаше резултати од неговиот тест, тој не беше хоспитализиран.

Ова е седми позитивен случај на коронавирус во Велес.

Според статистиката која ја објави Министерството за здравство, во изминатите 24 часа се потврдени 30 нови случаи позитивни на КОВИД- 19. Дванаесет од нив се во Скопје, девет во Прилеп, осум во Куманово и еден во Крива Паланка.

Во изминатото деноноќие направени се 342 теста, а вкупно досега 4.117 тестирања на Ковид-19.

Коронавирус