недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 41
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Вести

Лоша вест за оние кои поверуваа дека Заев ќе биде нобеловец, нашиот премиер извиси

Лоша вест за оние кои поверуваа дека Заев ќе биде нобеловец, нашиот премиер извиси

Годинашен добитник на Нобеловата награда за мир е премиерот на Етиопија, Абиј Ахмет, одличје за кое беа номинирани премиерот Зоран Заев и доскорешниот грчки премиер Алексис Ципрас.

Голема политичка помпа беше направена во Република Македонија и во Грција со номинациите на Заев и Ципрас за Нобелова награда за мир за 2019 година поради Договорот од Преспа, со кој беше сменето името на Република Македонија.

Номинацијата на Заев и Ципрас лани во Скопје беше објавена од добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Уидед Бушамауи.

Од номинацијата на Заев во Скопје

Премиерот Зоран Заев во интервју за белгискиот весник „Ле Соар“ запрашан дали верува дека навистина би можел да добие Нобелова награда за мир заедно со грчкиот премиер Алексис Ципрас откако беа предложени по усвојувањето на Преспанскиот договор, Заев вели дека датум за преговори му е поважен.

-Би заменил и две Нобелови награди за таа одлука на Европскиот Совет, за мене е огромна чест што сум номиниран, ние сме мала земја, но нашата награда е потврдата на нашата работа, и единствената потврда која значи во овој момент е одлуката на Европскиот Совет. Тоа е најдобрата награда. Ако добијам Нобелова, ќе му ја дадам на Европскиот Совет, изјави тогаш Заев.