недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Лондон: Ѓорчев се сретна со министерот за безбедност Бен Волис, лордот Џорџ Робертсон и пратениците од Конзервативната партија

Лондон: Ѓорчев се сретна со министерот за безбедност Бен Волис, лордот Џорџ Робертсон и пратениците од Конзервативната партија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, во неговата неколкудневна посета на Велика Британија денеска оствари средба со поголем број  на политичари, пратеници и членови на извршната власт.

Ѓорчев се сретна со министерот за безбедност Бен Волис, при што  стана збор за соработка меѓу Република Македонија и Велика Британија во областа на безбедноста. Добрите односи помеѓу двете земји треба понатаму да се негуваат и да се продлабочуваат.

Дополнително Ѓорчев оствари средба и со лордот Џорџ Робертсон и пратеникот од редовите на Конзервативната партија Грег Хендс, при што стана збор за актуелната состојба во Република Македонија, со особен акцент на влошената економска состојба, политичкиот прогон и нарушувањето на демократските процедури од страна на власта и бројните потфрлања на владата на СДСМ.

Коронавирус