петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Вести

Локалните избори ќе се распишат на 6 август, ќе се одржат на 17 октомври

Локалните избори ќе се распишат на 6 август, ќе се одржат на 17 октомври

Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ги распише локалните избори на 6 август, петок.

Првиот круг на изборите ќе ги закаже за 17 октомври согласно Изборниот законик и Уставот дека локалните избори се одржуваат во втората половина на октомври, а мандатот на локална власт е 4 години без можност за продолжување.

Во одност на измените на Изборниот законик, Џафери на денешниот брифинг со новинарите, не сакаше да прецизира дали ќе бидат донесени пред годишниот одмор на пратениците кој почнува на 1 август.

Напомена дека комисијата за политички систем треба да ги заврши амандманите, но и дека голем дел од поднесените амандмани биле вратени поради несоодветно користење на уставно име.

Коронавирус