недела, 18. април 2021. Вести денес: 90
home Вести

Локализиран пожарот кај Собрание, станарот однесен во полициска станица

Локализиран пожарот кај Собрание, станарот однесен во полициска станица

По интервенција на противпожарните возила е локализиран пожарот што утрово избувнал од стан на улицата Даме Груев, позади Собрание.

Неофицијално, станар сам си со запалил станот а станарите од зградата за „Макфакс“ изјавија дека подолго време имале проблем со тој станар и неделава неколкупати го пријавувале. Станарот на опожарениот стан е изнесен и моментно се наоѓа во полициска станица,  а еден пожарникар побарал медицинска помош.

Еден од станарите на петтиот кат се жали дека од чадот не може да излезе со неговата сопруга и дека не го евакуирале.

Пред зградата имаше три противпожарни, две медицински возила и полиција, пишува Макфакс.

Останатите станови не се зафатени од пожарот а во ходниците имало чад и станарите излегле надвор. Во склоп на зградата има банки, но и други локали, кои не се опожарени и немаат штета.

Коронавирус