вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 182
home Вести

Љутков: Државата е должна да направи стратегија за уметниците да остваруваат профит

Љутков: Државата е должна да направи стратегија за уметниците да остваруваат профит

Зоран Љутков, Претседател на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на телевизија Алфа зборуваше за културата и уметниците односно како државата ги третира уметниците во оваа криза поврзана со КОВИД-19. Според него парична помош која ја понуди државата на уметниците ги стави на исто рамниште со социјални случаи. Тој додаде дека државата е должна да направи некаква стратегија за да може уметниците да профитираат.

-90% од културата е финансирана директно од државата, од Министерството за култура. Имаме многу малку луѓе кои се занимаваат самостојно со култура. Мислам дека во овој пакет мерки тие малку луѓе добија по 6.000 денари еднократна парична помош која дури ми е непријатно кога изговарам дека државата ги истретира независните уметници како социјални случаи, како ранлива категорија. Уметникот не се купува со пари, на уметникот треба да му дадете задоволство при работата и да му пружите услови да работи. Доколку му дадете 6.000 денари во наредните 6 месеци и го затворите дома не бива ништо од тој уметник. Вие како држава мора да јадете некаква стратегија да му најдете начин тој сам да профитира и да најдете начин како да се појави пред публиката. Тоа е задоволството на уметниците, рече Љутков

Најнови вести

Локални избори 2021