недела, 9. мај 2021. Вести денес: 82
home Вести

„Љупчо Путерот и власта не се борат против, туку за корупција и криминал“

„Љупчо Путерот и власта не се борат против, туку за корупција и криминал“

Граѓаните не сакаат да бидат дел од криминалните и коруптивните активности на власта. Напротив тие заедно со ВМРО-ДПМНЕ се спротивставуваат на овој нарко картел на власт. Љупчо Николовски, Зоран Заев и СДСМ дозволија криминалот да метастазира и не само што дозволија туку и му дадоа закрила и поддршка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Љупчо Николовски викан Путерот е дел од систем кој дозволи нарко босови и белосветски мафијаши да добијат официјални македонски пасоши и да крстарат низ светот. Николовски и власта не се борат со криминалот и корупцијата, туку се борат за криминалот и корупцијата. Молкот на Љупчо Николовски Путерот покажува дека е одговорен за шверцот на 5 шлепери тутун, Николовски е одговорен и заради молкот со скандалот на фирмата на неговиот брат која на чудесен начин среде криза го зголемила профитот за 2100%. Николовски Путерот е виновен и за несанкционирањето на Рашковски, Царовска и десетици други функционери кои се до гуша заглавени во скандали, стои во партиската реакција и се додава:

„Секој ден граѓаните слушаат за нарко бизнисите на лица поврзани со власта, за матните тендери, криминалот и корупцијата поврзани со власта. Одговорност ќе има и затоа Николовски и СДСМ се исплашени и се во паника. Криминалот на власта исплива на виделина“.

Коронавирус