понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Љајиќ: Србија ќе воведува контра мерки за Македонија за брашното, после 14 април нема да бидеме трпеливи

Љајиќ: Србија ќе воведува контра мерки за Македонија за брашното, после 14 април нема да бидеме трпеливи

Ако до 14 април не се најде трајно решение за извозот на брашното во Македонија, Србија ќе воведе контра мерки, соопшти денеска министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ.

Гостувајќи во утринската програма на ТВ Н1, Љајиќ рече дека Србија ќе биде трпелива зашто трговската и царинската војна не се во интерес на двете земји.

– До 14 април мораме да најдеме трајно решение за извозот на брашното во Македонија. Воведувањето контра мерки, за жал, се уште е опција. Ние имаме трпение, не сакаме да влеземе во трговска и царинска војна, да воведуваме контрамерки, бидејќи тоа не е во интерес на стопанството и на меѓусебните односи. Јас им кажав да не не тераат тоа да го направиме, но тоа навистина ќе го сториме овој пат ако не најдеме трајно решение, истакна српскиот министер и најави нов состанок во Скопје за две недели.

Според него, проблемот со брашното го прават тројца мелничари од Македонија кои, како што напомена, имаат економско и финасиско влијание со што успеваат да наметнат вонцарински бариери.

Се бара модел, дополни Љајиќ, за трајно решение за да не се повторува проблемот секоја година.

– До 14 април е крајниот рок кога мораме да најдеме трајно решение за овој проблем. Во понеделник имам состанок со нашите мелничари бидејќи сето ова го правиме заради нив, а не поради политички намери, да видиме дали постигнатото решение се спроведува. Ќе бидеме трпеливи до 14 април и повеќе нема да бидеме трпеливи, порача српскиот министер.

Негова оценка е дека постојат неколку модели за решавање на проблемот, меѓу кои, потполно укинување на маркичките и трајно признавање на сертификатите.

На разгворот со македонскиот министер за замјоделство Љупчо Николовски не беше постигнато конечно решение и затоа, нагласи Љајиќ, се формира Мешовитиот комитет.

– Пред два дена во Белград се одржа состанок на Меѓувладиниот комитет со релеватни институции од Србија и од Македонија. Говоревме генерално за олеснување на трговијата, а не само за брашното и за останатите прашања. Направивме исчекор и за две недели би требало да го продолжиме тој дијалог во Скопје, подвлече српскиот министер.

МИА

Коронавирус