среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 65
home Вести

Лидерска средба кај Пендаровски по желба за тајминг на Заев

Лидерска средба кај Пендаровски по желба за тајминг на Заев

Не можам да свикам лидерска средба за тема ако нема согласност од политичките чинители, значи пред се согласност од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. СДСМ не би сакал сега средба во овој формат, рече претседателот на државата, Стево Пендаровски на гостувањето на емисијата „360 степени“ на телевизија АлсатМ во врска со лидерска средба иницирана од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Сепак тој додаде дека средба ќе има.

-Од двајцата лидери на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ добив потврда дека би учествувале на средба помеѓу 10 и 12 мај на тема ситуација поврзана со корона вирусот и работите кои произлегуваат од оваа состојба, а тука и поврзано со идни избори, посочи Пендаровски.

Пендаровски посочи дека кај СДСМ има една дистинкција дека „сега не би требало да има таква средба“, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ од каде ја иницираа средбата.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија