среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 4
home Вести

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ: Нема договор со криминалот, ќе бидеме немилосрдни во борбата против неправдите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ: Нема договор со криминалот, ќе бидеме немилосрдни во борбата против неправдите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето гостување на емисија „Клан дебата“ посочи дека нема намера да прави договор со криминалот, тој и неговата партија ќе бидат немилосрдни во борбата против неправдите.

-Враќање на владеење на право, бескомпромисно враќање на владеење на право, а со тоа и немилосрдна борба за искоренување на корупцијата и криминалот, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ќе се залага за искоренување на криминалот и корупцијата без разлика на кое ниво се наоѓа, не само на криминал и корупција во рамки кај политичарите, за избраните и именуваните лица, туку за било каков криминал и корупција на било кое ниво.

-Ние мора да оставиме впечаток во светот дека сме држава каде што нема толерирање на криминалот и корупцијата. Нема договор со криминал и корупција, тука ќе бидеме немилосрдни и тоа ќе го покажеме уште во првите 100 дена од формирањето на владата која што ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицкоски.