понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 1
home Вести

Лидерот на ИВЗ лут на владата: Државата гради само цркви, а не и џамии

Лидерот на ИВЗ лут на владата: Државата гради само цркви, а не и џамии

Лидерот на Исламската верска заедница во Македонија, Сулејман Реџепи, лут на владата, нагласи дека државата ги гради црквите, додека џамиите ги градат самите муслимански верници.

Тој истакна дека нема да дозволи владата да ги дискриминира Албанците и дека ќе добијат заслужена казна ако го сторат тоа. Шефот на ИВЗ овие коментари ги даде за време на инаугурацијата на изградбата на нова џамија во селото Опае, општина Липково.

-Тука е тешко … дискриминација на мојот народ никогаш нема да дозволам. Ние ќе се спротивставиме на таквата влада. Оваа држава не не смета за еднакви, секогаш не смета како дојдени, истакна Реџепи.

Тој побара од Владата да го промени пристапот, бидејќи во спротивно нема да постои.