среда, 30. септември 2020. Вести денес: 109
home Вести

ЛИДЕР: Заев ја награди Катица Јанева, нејзината сестра ја предложи за висока државна функција

ЛИДЕР: Заев ја награди Катица Јанева, нејзината сестра ја предложи за висока државна функција

Премиерот Зоран Заев ја предложи сестрата на специјалната обвинителка Катица Јанева за член на Комисијата за хартии од вредност, откриваат документите до кои стигна Лидер.

Лиле Делиџакова, сестра на обвинителката Јанева, е еден од петте предлози за членови на Комисијата за хартии од вредност, кои со потпис од Заев се предложени до Собранието. Заедно со Делиџакова, на листата се наоѓаат и Зоран Колев, Кирил Јовановски, Душко Гошевски и предлог претседателката на Комисијата, Нора Алити, пишува порталот.

Комисијата за хартии од вредност е регулаторно тело, во кое, според претходнот закон требаше да членуваат високостручни, независни и искусни членови. Владејачкото мнозинство со месеци не ги пополнуваа отворените позиции во оваа институција поради чекањето да се смени законот за администрација, со кој се намалуваат критериумите за избор во вакви регулаторни тела.

Законот беше сменет минатата недела по што веднаш беа предложени членовите. Но, овие предлози се изгласани на седница на Влада пред неколку месеци, то значи за членство во Комисијата за хартии од вредност на овие лица, сеуште важат одредбите од претходниот закон.

Предлог претседателката на на комисијата Нора Алити, нема посебно искуство во оваа област. Во нејзиното портфолио, најистакнато е тоа што беше пратеник од ДУИ во собранието.

Оваа комисија, е една од најважните институции за регулација на бизнис секторот. Во прилог, надлежностите на Комисијата за хартии од вредност.

  • 01 Врши контрола над целокупната документација на издавачите на хартии од вредност, презема мерки и носи одлуки за заштита на интересите на лицата кои се сопственици или инвестираат во хартии од вредност и спречува нечесни и незаконски дејствија, поврзани со работењето со хартии од вредност
  • 02 Издава дозволи, одобренија и согласности врз основа на Законот за хартии од вредност и другите закони во нејзина надлежност
  • 03 Го регулира начинот на тргување со хартии од вредност на берзите
  • 04 Го следи и контролира работењето на учесниците на пазарот на хартии од вредност
  • 05 Го следи и контролира функционирањето на пазарот на хартии од вредност
  • 06 Одредува стандарди на конкуренција меѓу учесниците на пазарот на хартии од вредност, како и овластените друштва за управување со фондови, односно инвестиционите фондови, по пат на контроли или на друг начин
  • 07 Дава согласност за именување на директори на брокерски куќи, на одделот во банката кој е надлежен за вршење на услуги со хартии од вредност, како и на друштвата за управување со инвестициони фондови
  • 08 Ги одобрува барањата за издавање на хартии од вредност
  • 09 Се грижи за законит, чесен и транспарентен пазар на хартии од вредност
  • 10 Ги одобрува донесувањето и сите измени на актите на депозитарот и на берзата
  • 11 Соработува со други институции во Република Македонија и надвор од неа

Извор- ЛИДЕР

Коронавирус